Дома Топ вести Решени сите дилеми: Роналдо откри каде ја продолжува кариерата!

Решени сите дилеми: Роналдо откри каде ја продолжува кариерата!

Во последните неколку недели иднината на Кристиано Роналдо е главна тема во светските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот ас после освојувањето на Светското клупско првенство изјави дека сака да продолжи да освојува трифеи со Реал и да ја заврши кариерата во Мадрид.

„Мотивацијата ми е на високо ниво. Сакам кариерата да ја завршам во Реал, но тоа нормално не зависи само од мене. Не сум јас шеф во клубот, но од моја страна секогаш ќе го давам максимумот. Мое е на терен да си ја вршам работата и мислам дека тоа добро го правам“, изјави Роналдо.

Наредната недела на програмата е големото „Ел Класико“, а Роналдо изјави дека се надева на победа во дербито.

„Се трудиме да уживаме во играта на теренот. Секој ден ја креваме самодовербата и одиме по вистинскиот пат кон трофеите“, додаде Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…