Дома Македонски спорт Мак фудбал Реми во Ѓорче: Вардар водеше, Јашаровски изедначи со волеј (ВИДЕО)

Реми во Ѓорче: Вардар водеше, Јашаровски изедначи со волеј (ВИДЕО)

Денес во рамките од 10-тото коло Македонија Ѓорче Петров и Вардар одиграа реми 1:1.

Во првото полувреме гледавме натпревар без многу прилики, па не видовме и погодоци.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вториот дел донесе многу подинамична игра, а гол видовме после само 45 секунди игра. Аврамовски си направи простор за удар, шутираше од работ на шесанесетникот и го совлада голманот на домаќините.

Од водството на Ѓорче Вардар започна да игра многу подобро, па стигна и до изедначување.

Јашаровски беше стрелецот на голот на за изедначување со еден одличен волеј удар.

После ова реми Вардар и Академија Пандев имаат по 21 бод на табелата, додека Македонија Ѓорче Петров е на третата позиција со 16 бода.

Во останатите три натпревари Силекс славеше со 2:0 против Ренова, Струга Трим Лум однесе три бода на гости против Работнички додеа, Борец и Шкупи одиграа 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Милан во пол-позиција за новата холандска ѕвезда

Најголемите италијански клубови покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа З…