Дома Останати Кошарка Рекорден договор во НБА: Вестбрук добива 220 милиони долари!

Рекорден договор во НБА: Вестбрук добива 220 милиони долари!

Оклахома Сити има подготвено петгодишен договор за Расел Вестбрук кој ќе ги урне сите рекорди во НБА лигата. Тимот е подготвен на својот најдобар играч за пет години да му исплати сума од 220 милиони долари.

Расел Вестбрук во регуларниот дел на сезоната го собори 56 години стариот рекорд на Оскар Робертсон откако на 42 натпревари оствари трипл-дабл. Сезоната ја заврши со просечни 31,6 поени, 10,7 асистенции и 10,4 асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бидејќи влијанието на Вестбрук во тимот е огромно, сопствениците подготвиле за него петгодишен договор, според кој би заработувал повеќе од 40 милиони долари годишно.
„Не сум размислувал за продолжување на договорот, но очигледно е дека Оклахома е местото каде што сакам да бидам“, изјави Вестбрук.

Инаку, Вестбрук минатата година потпиша нов, тригодишен договор вреден 86 милиони долари. Според тој договор, Вестбрук, по истекот на првите две години доколку сака може да стане слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Ужас: Фудбалер нападнат со киселина во трговски центар 🎥

Страшни информации пристигнуваат од Малезија поврзани со фудбалерот Фејсал Халим. Имено, т…