Дома Фудбал Лига на шампиони Реваншот ќе биде голем проблем за Реал: Без Рамос „кралевите“ се очајни

Реваншот ќе биде голем проблем за Реал: Без Рамос „кралевите“ се очајни

Втора година по ред Серхио Рамос ќе го пропушти осминафиналето во Лигата на шампионите.

Минатата година направи глупост против Ајакс при водство на Реал од 2:1. Тогаш тој одлучи да ги исчисти жолтите картони, а сите знаеме како заврши реваншот во Мадрид.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Колку и често Реал да плаќа а Рамос резултатите покажуваат дека без него во Лигата на шампионите „кралевите“ се очајни. На последните шест натпревари без Рамос во Лигата на шампионите, Реал изгубил дури пет и примил 15 гола.

Сите се сеќаваме на познатиот двомеч во кој Реал мислеше дека работата е завршена со победата над Јувентус во Торино со 3:0. Рамос беше суспендиран за реваншот, Јуве имаше 3:0, а „кралевите“ се извлекоа со сомнителен пенал во последните минути.

Резултатите на Реал во ЛШ без Рамос од тогаш:

Реал Мадрид – Јувентус 1:3

ЦСКА – Реал 1:0

Реал – ЦСКА 1:3

Реал – Ајакс 1:4

ПСЖ – Реал 3:0

Клуб Бриж – Реал 1:3

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…