Дома Топ вести Реал ќе го продава Бејл, но цената која ја бара е навистина многу голема

Реал ќе го продава Бејл, но цената која ја бара е навистина многу голема

Велшкиот фудбалер, Герет Бејл (28) на крајот на сезоната би можел да го напушти Реал Мадрид.

Од доаѓањето од Тотенхем во 2013. година, Бејл претрпе голем број повреди и никогаш не ги оправда одвоените 100 милиони евра, колку што беше платен пред четири години. Честите повреди ја натераа управата на Реал да го продаде. Одлуката наводно е конечна, а поставена е и цената за неговите услуги.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал од заинтересираните клубови ќе бара помеѓу 70 и 80 милиони евра, што реално е огромна цена за играч кој повеќе е надвор од теренот, отколку во игра. На овој начин актуелниот шпански шампион се обидува колку-толку да ги спаси вложените пари, но тешко дека некој ќе ја понуди оваа сума за Велшанецот.

Бејл изминативе месеци се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а како потенцијални средини се спомнуваат и Тотенхем и Челзи. Во текот на нешто повеќе од 4 години во дресот на Реал, Бејл одигра 159 натпревари и постигна 70 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…