Дома Фудбал Реал Сосиедад именуваше нов тренер

Реал Сосиедад именуваше нов тренер

Шпанскиот прволигаш Реал Сосиедад одлучи да го смени досегашниот тренер Гаритано.

Клубот од Сан Себастијан во последно време бележи катастрофални резултати во Ла Лига, а четвртиот пораз по ред резултираше со раскин на договорот со Гаритано.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На клупата на Реал Сосиедад во наредниот период ќе биде 47-годишниот Иманол Алгуасил, кој во деведесетите години играше за овој клуб, а првиот тим како тренер го водеше во финишот на претходната сезона.

Во клубот се убедени дека Алгуасил ќе го извади тимот од летаргија и дека под негово водство ќе дојдат подобри денови за Сосиедад, кој моментално се наоѓа на 15. позиција со 19 освоени бодови.

Алгуасил дебито ќе го има на 6. јануари на Сантијаго Бернабеу.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…