Дома Фудбал Реал почна да го чувствува отсуството на Роналдо

Реал почна да го чувствува отсуството на Роналдо

Тимот на Реал Мадрид очигледно има потешкотии во нападот оваа сезона после продажбата на Кристиано Роналдо во Јувентус ова лето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најдобар доказ за тоа е што „кралскиот“ клуб за прв пат после цели 11 години не успеа да постигне гол во три последователни натпревари. Тоа се случи при поразот до Севиља, ремито со Атлетико во Примера и поразот од ЦСКА во ЛШ.

На крајот на 2006 година Реал загуби како домаќин од Хуелва, а на почетокот на 2007 година беше поразен од Депортиво 0:2. Третиот меч од црната серија беше против Бетис 0:0.

Интересно што само пред една година, Реал Мадрид го израмни светскиот рекорд на Сантос со 73 последователни натпревари на кои постигна гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Саудиски тимови му нудат договор од соништата: Рафиња бира меѓу плата од која „боли глава“ и љубовта кон Барселона

Саудиските клубови наводно се обидуваат да ја доведат ѕвездата на Барселона, Рафиња, нудеј…