Реал Мадрид потврди дека ги одбил понудите на Интер и Тотенхем за Матео Ковачиќ бидејќи на „Бернабеу“ сметаат дека Хрватот е играч на кого ќе се гради иднината.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако медиумите постојано шпекулираат со неговата иднина, директорот на Реал Мадрид, Јозе Ангел Санчез потврди дека Ковачиќ не е на продажба и дека тој е иднината на клубот.
„Ковачиќ не е на продажба, никогаш нема да го продадеме. Доколку пристигне некоја понуда за него во јануар сигурно ќе ја одбиеме“, потврди Хозе Ангел Санчез.
„Во летото имаше понуди за него, Јувентус и Милан не испратија понуди, но испрати Интер, а од Англија тоа беше Тотенхем. Матео е многу интелегентен и знае дека би играл во стартниот тим во клубавите каде што го бараат, но исто така е свесен дека ние сметаме на него и дека ние многу важен“.
„Ковачиќ е еден од играчите на кои Реал ќе ја гради иднината. Матео уште долги години ќе игра во нашиот клуб“, заклучи спортскиот директор на „кралевите“.