Реал Мадрид е блиску до комплетирање на трасферите на Килијан Мбапе и Алфонсо Дејвис, а сега Флорентино Перез сака уште еден фудбалер на Баерн Минхен.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал Мадрид е заинтересиран за 21-годишниот Џамал Мусиала, кој уште е на радарот и на Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи.
Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓
Мусијала се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа и има договор со Баварците до 2026 година.
Талентираниот фудбалер оваа сезона настапи на 28 меча за баварскиот тим и постигна девет гола и четири асистенции.
Реал е спремен да понуди 90 милиони евра за неговиот потпис, но Баерн ќе направи се за да го задржи во своите редови.