Дома Фудбал Реал Мадрид сепак ќе мора да ги скрати платите

Реал Мадрид сепак ќе мора да ги скрати платите

Покрај фактот што економската ситуација во Реал Мадрид е стабилна и се сметаше дека „кралскиот“ клуб нема да има потреба да ги намали платите на фудбалерите, сепак од Шпанија доаѓаат други вести.

Шпанскиот весник „Ел Пас“ пренесува дека претседателот Флорентино Перез пред неколку дека имал средба со капитенот Серхио Рамос и го уверил дека нема да дојде до кратење на платите на фудбалерите. Перез потврдил дека никој од вработените во клубот (вкупно 800) нема да има финансиски загуби поради ситуацијата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кралевите“ минатата година ја завршија со плус 156 милиони евра, но сега не може да сметаат на ТВ-правата, па би можеле да се соочат со голем проблем. Поради тоа управниот одбор на клубот се сомнева дека ситуацијата може да се „преброди“ без кратење на платите.

Реал Мадри заедно со фудбалската и кошаркарската селекција има околу 800 луѓе, а најголем товар треба да поднесат фудбалерите и кошаркарите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Постигнат договор: Лопетеги добива нова шанса во Премиер лигата

Веќе е познато дека Дејвид Мојс ќе ги напушти „Чеканите“ на крајот од оваа сезона, а долго…