Дома Топ вести Реал Мадрид се вклучи во трката за Леао

Реал Мадрид се вклучи во трката за Леао

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се вклучил во трката за ѕвездата на Милан, Рафаел Леао.

Португалецот се етаблираше во еден од најдобрите млади фудбалери во Европа и беше избран за МВП на сезоната во Серија А.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Скаути на „кралевите“ долго време го следат Португалецот и веруваат дека тој ќе биде новата голема ѕвезда на европскиот фудбал.

Анчелоти верува дека Леао може да игра и како крилен, но и како централен напаѓач на местото на Бензема, па поради тоа сака да го доведе на „Сантиаго Бернабеу“.

Неговиот договор со Милан е до 2024 година во кој има откупна клаузула од 150 милиони евра. Доколку Португалецот не стави потпис на нов договор ќе биде продаден на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот …