Реал Мадрид во пријателскиот натпревар во Паседена го победи Јувентус со 2:0.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот се отвори после 20 минути игра кога Бензема ја погоди мрежата на италијанскиот тим од удар од белата точка. Пеналот го изнуди Винисиус кој изведе еден одличен соло продор во шеснаесетникот на Јувентус, па дефанзивците немаа начин како да го запрат.




Конечниот резултат беше поставен во 69. минута кога после една одлична акција во која главен беше Азар реализираше Асенсио по асистенцијата на Ваљехо.



