Дома Фудбал Останато Реал Мадрид и Ајнтрахт во битка за Суперкупот

Реал Мадрид и Ајнтрахт во битка за Суперкупот

Вечерва во Хелсинки европскиот шампион Реал Мадрид и освојувачот на Лига Европа, Ајнтрахт ќе се борат за престижниот трофеј од Суперкупот на УЕФА.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


За Реал ова ќе биде осми пат како ќе игра во Суперкуп на Европа, натпреварување во кое има освоено четири трофеи, последниот во 2017 година кога Суперкуп натпреварот се одигра во Скопје. 

 Доколку „кралевите“ и вечерва победат ќе се израмнат со бројот на освоени трофеи со лутиот ривал Барселона и италијанскиот гигант Милан 

 Ајнтрахт кој сензационално стигна до трофејот во Лига Европа за прв пат ќе игра во Суперкупот и важи за аутсајдер во овој меч.

Германскиот тим зад себе има само три финални средби. Првата во далечната 1960 и тогашниот Куп на Шампиони кога беше убедливо поразен токму од Реал со 7-3, резултат кои сеуште важи за рекорд во евро-куповите по бројот на погодоци. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул му го договара првото засилување на Ираола – трансферот ќе чини 100 милиони евра!?

Ливерпул го направија Андони Ираола јасен фаворит за нов менаџер на клубот по шокантното о…