Дома Топ вести Реал Мадрид го сака Ричарлисон

Реал Мадрид го сака Ричарлисон

Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на напаѓач, кој ќе може да биде долгорочен наследник на Карим Бензема.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Шпанските медиуми пренесуваат дека нова мета на „кралевите“ е бразилскиот напаѓач Ричарлисон, кого Анчелоти одлично го познава од времето кога соработуваа во Евертон.

Бразилецот ова лето се пресели во Тотенхем, но не е задоволен од својот статус и во последно време често ја грее клупата.

Поради тоа е спремен да ја промени средината, а Спарси за неговата слобода бараат 70 милиони евра.

Во Реал веруваат дека Ричарлисон може да биде наследник на Бензема и да формира одлично бразилско трио со Винисиус и Родриго.

Бензема оваа сезона пропушти многу натпревари поради повреда и е во зрели фудбалски години, па Реал сака да доведе нов напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…