Дома Трансфер зона Реал Мадрид го продаде напаѓачот кој 15 години беше во клубот

Реал Мадрид го продаде напаѓачот кој 15 години беше во клубот

Денес Реал Мадрид и официјално го продаде Борха Мајорал.

25-годишниот напаѓач кој потекнува од академијата на „кралевите“ никогаш не успеа да стане напаѓач каков што очекуваа во Мадрид. Новата дестинација на Мајорал не е изненадување затоа што продолжува во тимот на Гетаге каде што играше како позајмен фудбалер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Не е објавено колкава оштета за него платил Гетафе, но се шпекулира дека станува збор за сума од 10 милиони евра.

Мајорал во Реал Мадрид е од свои 10 години и помина низ системот за развој на млади фудбалери. Надежите од него беа големи кога дебитираше за првиот тим во 2015 година на 18 години. Сепак во иднина не се развиваше како што се очекуваше и одигра само 33 натпревари на кои постигна седум гола.

Испраќан беше на позајмици во Волфсбург, Леванте, Рома и Гетафе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Финалето на ЛШ во 2026 ќе се игра во Будимпешта

Извршниот комитет на УЕФА денеска донесе одлуки за градови домаќини на финалните дуел во 2…