Дома Топ вести Реал има „пеколен“ план: Го „краде“ Жоао Феликс пред носот на Атлетико

Реал има „пеколен“ план: Го „краде“ Жоао Феликс пред носот на Атлетико

Португалската сензација Жоао Феликс е пред трансфер во Атлетико Мадрид, но Реал Мадрид има план како да го „украде“ играчот пред носот на градскиот ривал.

„Марка“ открива дека Реал Мадрид во последен момент испратил понуда од 130 милиони евра за Жоао Феликс. Имено, „кралевите“ се спремни да платат 80 милиони евра веднаш и 50 милиони евра следната година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Таа сума ќе ја надмине и клаузулата во договорот на фудбалерот, која изнесува 120 милиони евра, но засега нема информација дали португалскиот гигант ќе ја прифати понудата на „кралевите“.

Претходно се шпекулираше дека Феликс, наводно, му дал предност на Атлетико Мадрид, но останува да видиме дали понудата од „кралевите“ ќе го предомисли.

19-годишниот Феликс блесна минатата сезона во дресот на Бенфика каде постигна 15 гола и запиша девет асистенции, и се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Модриќ и Роналдо повторно заедно

Лука Модриќ ова лето ќе го напушти Реал Мадрид, а како негова следна дестинација се спомен…