Дома Топ вести Реал загуби уште еден фудбалер од средниот ред!

Реал загуби уште еден фудбалер од средниот ред!

Реал Мадрид оваа сезона има големи проблеми со повредите, а неверојатно звучи фактот дека најмногу на „удар“ се фудбалерите од средниот ред кој постојано е десеткуван.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Готово да нема фудбалер од средниот ред кој не се повредил оваа сезона, а последен во низата е хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ.

Ковачиќ синоќа заработи повреда на квалификацискиот меч против Исланд, кој Хрватска го доби со резултат 2:0.

Хрватскиот репрезентативец го повреди глуждот после еден удар со противничкиот фудбалер и хитно беше префрлен во Мадрид на детални прегледи.

Ова сигурно ќе биде голем удар за Зидан кој неможе да смета и на Крос, Модриќ и Касемиро, па Ковачиќ оваа сезона покажа дека може да биде одлична алтернатива во средниот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бајката продолжува: Зелено’ртски Острови напишаа нови историски страници на Светското првенство

Репрезентациите на Уругвај и Зелено’ртски Острови одиграа нерешено 2:2 во натпреваро…