Реал Мадрид во последните години доведе неколку големи таленти кои се покажаа како вистински погодок, особено од Јужна Америка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Следен на списокот на „кралевите“ е големиот аргентински талент на Ривер Плата, Франко Мастантуоно.
Мастантуоно има само 16 години и досега има девет настапи за првиот тим на Ривер, па со тоа го привлече интересот на себе.
Клаузулата во неговиот договор изнесува 45 милиони евра, сума која Реал е спремен да ја плати.
За да ја победи конкуренцијата Реал сака што побрзо да го комплетира трансферот, а Аргентинецот ќе се пресели во Мадрид откако ќе наполни 18 години.