Дома Фудбал Реакцијата на Стоунс кога на видео снимка гледаше како спаси погодок за 11.2 милиметри (ВИДЕО)

Реакцијата на Стоунс кога на видео снимка гледаше како спаси погодок за 11.2 милиметри (ВИДЕО)

Манчестер Сити го победи Ливерпул со 2:1 во дербито на 21-то коло во Премиер лигата, а после натпреварот она за што најмногу се зборува е шансата на „црвените“ да стигнат до водечки погодок.

Во 18-тата минута откако Садио Мане ја погоди стативата, Џон Стоунс во обидот да ја исфрли топката го погоди неговиот голман Едерсон, за потоа да спаси погодок во  последната секунда (ако имаше и толку време).

Имено во таа ситуација на топката и недостасуваа само 11.2 милиметри за со целиот свој обем да ја биде зад линијата, а судијата да покаже на центарот.

Џон Стоунс после натпреварот гледаше снимка од овој момент. Изгледа ниту самиот не веруваше дека успеа да стигне.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…