Дома Фудбал Англија Рашфорд во Јунајтед веќе има подобар скор од Роналдо

Рашфорд во Јунајтед веќе има подобар скор од Роналдо

Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер пред неколку изјави дека во неговиот тим има играч кој може да го достигне нивото на Кристиано Роналдо.

Маркус Рашфорд игра фантастично оваа сезона за Манчестер Јунајтед и веќе постигна 13 голови, од кои десет во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Солскјер верува дека Рашфорд би можел да стане како Роналдо, кој се етаблираше токму во Манчестер Јунајтед, каде освои три титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампиони.

Оваа изјава на Солскјер беше повод статистичарите да направат споредба помеѓу Рашфорд и Роналдо. Англичанецот до сега има 127 настапи за „црвените ѓаволи“ па споредбата е направена со првите 127 настапи на Португалецот.

Се испостави дека Рашфорд во сите важни параметри веќе го надмина Роналдо. Англичанецот има постигнато 3 гола повеќе (34:37), постигнува голови од помл број на шутеви и почесто во просек.

Роналдо е подобар само во бројот на асистенции, има четири повеќе. Како и да е, на „Олд Трафорд“ веруваат дека Рашфорд наредните години ќе биде клуч на успесите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…