Дома Фудбал Рамос џентлменски му се извинил на фоторепортерот

Рамос џентлменски му се извинил на фоторепортерот

Серхио Рамос се најде во центарот на вниманието после мечот со Баерн Минхен и тоа поради еден срамен потег.

Фудбалерите на ПСЖ дојдоа до навивачите да ги поздрават, а Рамос ги загуби нервите, па силно турна еден фоторепорер.

Фоторепортерот Маркус Жилиар денес потврди дека добил порака со извинување од самиот рамос.

„Вечерно изненадување. Рамос лично ми се јави и ми се извини за своето однесување. Извинувањето е прифатено, случајот е завршен“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…