Дома Топ вести Рамос треба да се засрами: Вака ли се однесува капитен на Реал Мадрид!? (ВИДЕО)

Рамос треба да се засрами: Вака ли се однесува капитен на Реал Мадрид!? (ВИДЕО)

ramos

Неверојатна сцена видовме на денешниот тренинг на Реал Мадрид.

Реал Мадрид во својата историја никогаш не бил во полоша криза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јулиен Лопетеги ги губи конците, а тоа можеше да се забележи и на последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Викторија Плзен.

Во склоп на една вежба фудбалерите со раце ја пренесуваа топката, во прашање е популарна вежба за згревање, пред она што следи на тренингот, а при оваа вежба голема доза на нервоза покажа капитенот на Реал, Серхио Рамос.

Дефанзивецот во еден момент ја прими топката и на него налето фудбалерот кој што туку се приклучи на првиот тим Серхио Регулион. Тој се залета на Рамос со цел да му ја одземе топката, но беше малку невнимателен и го „закачи“ по лицето капитенот, после што овој полуде.

Прво се обиде да го погоди со топка пред сите, за на крај и да го погоди и тоа кога вежбата беше завршена. Подоцна се појави Модриќ да ги смири страстите, но веќе беше доцна.

Навистина однесување какво што не смее да си дозволи ниту условно кажано обичен фудбалер, а не па капитен на гигант каков што е Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…