Дома Фудбал Останато Рамос и семејството добивале смртни закани, алармирана и полицијата!

Рамос и семејството добивале смртни закани, алармирана и полицијата!

ramos

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос се уште се наоѓа на удар на дел од фудбалската јавноста поради финалето во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, првата ѕвезда на Ливерпул и репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах мораше да го напушти натпреварот после еден дуел со капитенот на „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во тој момент Рамос стана една од најомразните личности во Египет и помеѓу навивачите на Ливерпул.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Рамос не бил „нападнат“ само преку социјалните мрежи, туку работата станала многу посериозона.

Како што пишува мадритски „АС“ капитенот на Реал добивал смртни закани, а полицијата наводно веќе ги истражува пораките.

Исто така, во проблеми се најдоа и некои од членовите на неговото семејство кои добивале вознемирувачки пораки. Се наведува дека тие поради таквата ситуација биле приморани да ги променат телефонските броеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…