Дома Фудбал Рамос го пропушта Ел Класико поради суспензија?

Рамос го пропушта Ел Класико поради суспензија?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела на свој терен играат против лутиот ривал Барселона во рамките на 26. коло од шпанската Ла Лига.

Второто Ел Класико оваа сезона сигурно ќе биде возбудливо бидејќи Реал и Барса водат голема битка за првото место. Кралскиот клуб се наоѓа во големи проблеми бидејќи екипата е ослабена пред дуелот со Каталонците.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Зидан нема да може да смета на Еден Азар кој повторно се повреди, а шпанските медиуми денеска пишуваат дека може да остане и без капитенот Серхио Рамос.

Рамос се наоѓа под истрага поради својот однос на натпреварот против Леванте. Кралевите беа поразени со 1:0, а Рамос беше нервозен поради одлуките на главниот судија Ернандез.

Како што пишува Марка, судијата во извештајот навел дека Рамос го опцул, поради што капитенот на Реал може да биде суспендиран и да го пропушти големото Ел Класико.

Конечната одлука на Ла Лига треба да биде позната во наредните денови. Да потсетиме, натпреварот Реал Мадрид – Барселона се игра во недела од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се засилува со ѕвездата на Манчестер Сити!?

Бернардо Силва е голем фан на Барселона, каде впрочем живее и дел од неговото семејство, а…