Македонската женска ракометна репрезентација во третиот натпревар од ЕХФ Купот беше поразена на гостувањето против Словенија (29:28).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Избраничките на селекторот Љубомир Савевски имаа шанса на овој меч да останат непоразени, но Гичевска не реализираше пенал на 15 секунди до крајот на мечот.
Почетната фаза им припадна на домаќинките кои поведоа со 5:1, но македонските репрезентативки полека ја намалуваа предноста на противникот и на одмор заминаа со негатива од еден гол и водство на Словенија од 15:14.
Во второто полувреме Македонија на три пати успеа да дојде во водство, но во завршницата Словенија успеа да ја врати минималната предност и на крајот на победи.
Симона Стојковска со осум гола беше најефикасна во македонскиот табор, еден помалку постигна Гичевска, Сара Ристовска реализираше шест погодоци, додека Мицевска беше одлична на голот со десет успешни интервенции.
Фото: РФМ