Дома Македонски спорт Ракометар на Еурофарм Пелистер, Ангеловски го спореди со Жељко Обрадовиќ

Ракометар на Еурофарм Пелистер, Ангеловски го спореди со Жељко Обрадовиќ

Eурофарм Пелистер вчера беше поразен и во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, подобар од македонскиот шампион беше норвешкиот Клоштад со 34:27.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Така Еурофарм Пелистер стаан вториот тим во историјата на ова натпреварување по Загреб кој групната фаза ја завршил без бодови.

Интересна изјава по овој дуел имаше ракометарот, Урош Борзаш кој постигна 11 голови. Борзаш тренерот Ангеловски го спореди кошаркарскиот тренер, Жељко Обрадовиќ.

„Човечките односи во тимот се одлични, а тренерот е суперкоректен кон нас. Доста е импулсивен, таков е и така треба да го прифатите. Никогаш не сум работел со Жељко Обрадовиќ, но ми се допадна една изјава од Перо Антиќ за него, а тоа е дека 22 часот ти е другар, а два часа ти ја вади душата. Тоа може да се каже и за Бранко зашто навистина е импулсивен, но кога ќе заврши тренингот и кога ќе завршат натпреварите, тој е таму за нас тој е пријател. А и на терен ако го правиш тоа што го бара тогаш нема проблеми.

Но, ако не се почитува, тогаш е во сосема друго издание кое можевте да го видите за време на тајмаутот со Вардар во првото коло од плеј-офот“, изјави Борзаш во подкастот на „Balkan Handball“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Червар се поклони пред Лазаров: Нема друг како него, најдобар е на сите времиња!

Лино Червар, кој од следната сезона ќе седне на клупата на Пелистер, без двоумење го избра…