Дома Фудбал Италија Раиола: Ромањоли може да дојде во Јувентус, а Де Лихт да си замине

Раиола: Ромањоли може да дојде во Јувентус, а Де Лихт да си замине

Mино Раиола имаше интервју за „Раи Спорт“ во кое зборуваше за иднината на неколку свои клиенти.

Ромањоли влезе во својата последна година од договорот со Милан, а засега двете страни не успеваат да пронајдат заеднички јазик за продолжување на соработката.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според изјавата на Раиола тој лесно може да заврши Јувентус и да игра заедно со Де Лихт кој исто така е негов клиент. Сепак, Раиола потенцираше дека постои можност и Де Лихт да си замине од Јувентус.

„Ромањоли и Де Лихт се помеѓу најдобрите дефанзивци во Европа. Договорот на Ромањоли истекува следната година и тие можеле да играат заедно во Јувентус. Но, да кажам дека и Де Лихт може да си замине од Јувентус на крајот на оваа сезона. Трансфер пазарот е непредвлив, а него многу клубови сакаат да го ангажираат“, изјави Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…