Дома Фудбал Рагник потврди: Точно е, бев контактиран од Баерн

Рагник потврди: Точно е, бев контактиран од Баерн

Toмас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен кој е во потрага по негов наследник. Во јавноста се појави името на Ралф Рагник кој сега потврди дека контакти постоеле.

Рагник во овој момент е селектор на репрезентацијата на Австрија, но не ја исклучува можноста да седне на клупата на Баерн.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Да, точно е дека бев контактиран од Баерн. Веднаш го известив Фудбалскиот Сојуз на Австрија. Во овој момент мојот фокус е на Европското првенство.

Разговаравме, но засега нема ништо конкретно. Баерн прво треба да ми потврди дека ме сака и да испрати конкретна понуда, потоа јас ќе видам дали воопшто го сакам тоа“, изјави Рагник.

Во минатото Рагник во клупската кариера имаше една неуспешна епизода во Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…