Дома Македонски спорт Мак фудбал Рабонички се надигруваше со тимот кој го победи Ливерпул, но на крајот запиша пораз

Рабонички се надигруваше со тимот кој го победи Ливерпул, но на крајот запиша пораз

Тимот на Работнички денес одигра пријателски натпревар против учесникот во Лигата на шампините, српска Црвена Звезда (1:2).

„Романтичарите“ одиграа одличен натпревар. Баже Илијоски доби прилика од пенал да донесе водство за Работнички, меѓутоа најстрогата казна Илијоски не ја претвори во погодок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Промашениот пенал не влијаеше на играта на нашиот претставник, па неколку минути подоцна Блажевски испрати одлична асистенција до Жуњино кој ја погоди мрежата.

Учесникот во Лигата на шампионите после примениот погодок заигра подобро, прво Вукановиќ го изедначи резултатот, а потоа Ембецелио погоди за целосен пресврт.

Во претходните два пријателски натпревари Работнички славеше над Сабуртало со 2:1 и запишаа пораз од Поханг Стилерс со 2:0.

Видеото со погодоците од овој натпревар можете да го погледнете тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…