Дома Фудбал Италија Пјаниќ: Немаме право на кикс, со Наполи ќе водиме борба до последен момент

Пјаниќ: Немаме право на кикс, со Наполи ќе водиме борба до последен момент

Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Миралем Пјаниќ смета дека неговиот клуб и Наполи за Скудетото ќе се борат до последното коло во Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Наполи во овој момент е лидер на табелата со 66 освоени бодови, а Јувентус има само еден помалку. На последните 10 натпревари двете екипи успеаа да забележат девет победи и едно реми и јасно е дека до крајот на сезоната ќе гледаме жестока борба.

Така смета и Миралем Пјаниќ.

„Ќе биде тоа жестока борба помеѓу нас и Наполи до последен момент. Во овој момент сме еден чекор зад нив. Немаме право на кикс, иако пред нас е период со многу гостински натпревари. Многу е важно да бидеме 100% спремни и здрави. Се надевам дека повредените играчи наскоро ќе се вратат, бидејќи ни се потребни за борба на три фронта“, изјави Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фудбалскиот свет зборува за ремек-делото на Милан

Милан во последниот пријателски натпревар пред новата сезона приреди вистински спектакл, с…