Кошаркарската федерација информираше дека билетите за натпреварот против Естонија во рамките од квалификациите се пуштени во продажба.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Натпреварот помеѓу Македонија и Естонија е во рамките од првото коло и закажан за 23-ти февруари со почеток од 19:00 часот.
Билетите можете да ги купите онлајна преку „Мк Тикетс“ – ТУКА, а цената изнесува 250 денари.
Само три дена по натпреварот против Естонија Македонија ќе и гостува на Полска која е еден од домаќините на Европското првенство заедно со Кипар, Финска и Летонија.
Во квалификациската група со Македонија е и Литванија. Бидејќи Полска како домаќин е веќе пласирана, место на континенталниот собир добиваат двете надјобропласирани селекции во групата „Х“.