Дома Останати Пукна сеир на социјалните мрежи: Македонците мавтаа на ПОГРЕШНА СТРАНА!

Пукна сеир на социјалните мрежи: Македонците мавтаа на ПОГРЕШНА СТРАНА!

Сцената е снимена за време на свечената парада на спортистите на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Олимписките игри во Париз официјално беа отворени во петокот со спектакуларна церемонија.

За прв пат во историјата на Олимписките игри свеченото отворање се одржа надвор од стадионот. Церемонијата, која на силен дожд беше полна со уметнички дела, музика и танц, траеше четири часа.

Од мостот Остерлиц до Трокадеро, 6.800 спортисти и 205 делегации, на 85 чамци, се спуштија по реката за време на парадата.

При претставувањето на македонската делегација се случи неверојатен гаф.

Македонците се свртеа на погрешна страна, па камерите ги снимија одзади додека го вееја знамето и ги поздравуваа насобраните навивачи од чамецот.

Треба да се напомене дека не се единствените, слична грешка направи и делегацијата на Луксембург.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…