Дома Фудбал Италија „Пукна“ во Јувентус: Пјаниќ исфрлен од тимот?

„Пукна“ во Јувентус: Пјаниќ исфрлен од тимот?

Италијанските медиуми пренесуваат дека дошло до жестока расправа помеѓу тренерот на Јувентус, Маурицио Сари и плејмејкерот Миралем Пјаниќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што тврдат медиумите, Пјаниќ е исфрлен од тимот и сигурно нема да биде на теренот во утрешниот натпревар против Болоња.

Расправијата се случила на тренинг, а Пјаниќ изразил незадоволство со статусот во тимот, но и со фактот дека премногу долго траат шпекулациите за негов трансфер во Барселона.

Јувентус го загуби финалето на Купот од Наполи и тоа ја зголеми нервозата во редовите на „старата дама“.

Наводно и Кристиано Роналдо е во лоши односи со тренерот Сари, кој јавно го критикуваше Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бајката продолжува: Зелено’ртски Острови напишаа нови историски страници на Светското првенство

Репрезентациите на Уругвај и Зелено’ртски Острови одиграа нерешено 2:2 во натпреваро…