Дома Топ вести ПСЖ спреми понуда за Рашфорд

ПСЖ спреми понуда за Рашфорд

Пари Сент Жермен го обновува интересот за ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пренесуваат медиумите на Островот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Откако стана јасно дека Килијан Мбапе на лето ќе го напушти ПСЖ како слободен агент, клубот веќе почна да бара замена, а на листата желби е токму Рашфорд.

Рашфорд неодамна стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед до 2028 година и е најплатен фудбалер кај „црвените ѓаволи“.

Но, Англичанецот оваа сезона не игра на препознатливот ниво и е спремен да ја промени средината.

ПСЖ е спремен да му понуди неделна плата од 500.000 фунти, а за неговиот потпис е спремен да плати 80 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…