Дома Топ вести ПСЖ испрати понуда за Бака – еве што одговори Милан!

ПСЖ испрати понуда за Бака – еве што одговори Милан!

Италијанските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен испратил официјална понуда до Милан за Карлос Бака „тешка“ 40 милиони евра.

Унаи Емери по секоја цена го сака Бака во својот тим, па раководството на „светците“ веќе испрати понуда од 40 милиони евра до „росонерите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Кориере дело Спорт“ тврди дека Милан експресно ја одбил таа понуа и им понудил трампа на Французите. Имено, „росонерите“ се спремни да го пуштат Карлос Бака, но сака ако го добијат потпсот на Едисон Кавани.

Кавани не е задоволен од престојот во Париз и е спремен да се врати во Серија А, а Милан ќе се одлучи на продажба на својот најдобар голгетер само доколку за возврат го добие Уругваецот.

Бака блеска оваа сезона во Серија А и има 6 постигнати гола после првите седум кола, исто колку Игуаин и Икарди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…