Иднината на Лионел Меси и Кристиано Роналдо е глава тема во спортските медиуми, а најсилен интерес за двете ѕвезди покажува Пари Сент Жермен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веднаш откако се појави информацијата дека Кристиано Роналдо може да го напушти Јувентус, се огласи и спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо кој не исклучи можноста за ангажман на Португалецот.
„ПСЖ секогаш ги следи сите најдобри играчи, и добро е што тие се поврзуваат со трансфер во ПСЖ. Можеме да зборуваме за најдобрите играчи кои сакаме да дојдат, но тоа зависи од многу работи дали ќе се оствари. Како и да е во моментов не сме во преговори со Меси и Роналдо“, истакна Леонардо.