Се погласи се шпекулациите дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Мбапе и дека „кралевите“ се спремни да го соборат светскиот трансфер рекорд за неговиот потпис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради тоа ПСЖ сака што побрзо да му предложи нов договор, на лето е последната шанса, а доколку не ја продолжи соработката, „светците“ ќе мора да го продадат.
Сега е јасно дека Французинот бара поголем договор од Нејмар, а со бонуси би го преминал и Лионел Меси.
Леонардо веќе ги започнал преговорите со неговото семејство и со неговиот агент. ПСЖ покрај високата плата е спремен да му вети на Килијан дека ќе биде најважен играч и центар на нивниот проект.
Во моментов тоа е Нејмар, но „светците“ се спремни да го продадат Бразилецот на лето, а сите пари ќе ги вложат во иднината на Мбапе.
Проблем е што ПСЖ нема да може да ги врати вложените пари за Нејмар, за кого пред две години потрошија 222 милиони евра.