Дома Фудбал Франција ПСЖ во изминатата година претрпел загуба од 225 милиони евра

ПСЖ во изминатата година претрпел загуба од 225 милиони евра

Tимот на ПСЖ во минатата сезона работел со загуба од скоро 225 милиони евра, тоа најмногу е резултат на кризната ситуација околу ТВ правата за француското фудбалско првенство и играњето пред празни трибини поради коронавирусот.

Клупската загуба е поголема за 80% во споредба со сезоната 2019/2020 кога таа изнесуваше 124.2 милиони евра. Според податоците на Професионалната фудбалска лига објавени во среда, сметките на 17 од 20 француски прволигаши се во црвено.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вкупната загуба на клубовите од елитниот ранг во француискиот фудбал изнесува 646 милиони евра, а после ПСЖ во најголема загуба се Лион (107 милиони евра), Марсеј (76 милиони евра) и Бордо (67 милиони евра).

Парижаните во една година доживеаа огромен пад во приходот од влезниците кој од 48.05 милиони евра падна на 961.000 евра, главната причина е што најголем дел од натпреварите на „Паркот на принцовите“ се играа пред празни тирбини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…