Дома Фудбал Промени во термините за Суперкупот на Шпанија

Промени во термините за Суперкупот на Шпанија

Шпанскиот Суперкуп на програмата е во јануари, а повторно домаќин е Џеда и во него ќе учествуваат најдобрите четири екипи од минатата сезона.

Како што е познато веќе пет години во Суперкупт на Шпанија играат двете најдобри екипи од Ла Лига и финалистите од Копа Дел Реј. Учесници за оваа сезона се: Реал Мадрид, Барселона, Мајорка и Атлетик Билбао.

Денес е потврдено дека е променет терминот и двете полуфинални натпревари. Први на теренот на 8 јануари ќе излезат Барселона и Атлетик Билбао, а еден ден подоцна ќе се соочат Реал Мадрид и Мајорка.

Финалето на програмата е на 12 јануари. Ќе потсетиме во последните две финалиња играа Барселона и Реал Мадид. Каталонците славеа во 2023 со резултат 3:1, додека минатиот јануари Реал беше подобар од 4:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за ПСЖ: Кварацхелија оди на операција, сезоната практично заврши

Грузискиот репрезентативец ги повреди предните вкрстени лигаменти на десното колено. Луис …