Кошаркарите на Дарушафака забележаа значајна победа против Галатасарај со која ги сочуваа шансите за место по плејофот во Евролигата.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Дарушафака во натпревар од 28. коло одигран синоќа во Истанбул го совлада градскиот ривал 73-67. Со овој триумф Дарушафака е на само една победа помалку од Црвена Ѕвезда, а до крајот на регуларниот дел остануваат уште две кола.
Во првиот натпревар одигран во рамки на ова коло ЦСКА Москва славеше победа на гостински терен кај Уникс Казан со 74-85.
На дербито во Атина меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид гостите извојуваа победа од 73:79, а на дуелот во Барселона каде гостуваше Црвена Ѕвезда, домаќините ги растурија гостите со 67:51.
Потсетување, на завчера одиграните натпревари беа постигнати овие резултати: Анадолу Ефес – Фенербахче 80:77, Макаби Тел Авив – Жалгирис 77:93, Армани Милано – Армани 76:84 и Басконија – Панатинаикос 63:72.
Табела: Реал Мадрид 21-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 21-7, Олимпијакос 19-9, Фенербахче 17-11, Панатинаикос 17-11, Анадолу Ефес 16-12, Басконија 16-12, Црвена Звезда 15-13, Дарушафака14-14, Жалгирис 13-15, Галатасарај 10-18, Барселона 11-17, Бамберг 10-18, Макаби 10-18, Уникс Казан 7-21, Армани Милано 7-21.