Дома Останати Кошарка Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Уникс Казан со 83:73 славеа против Самара.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во триумфот на Уникс Казан придонесе со „дабл-дабл“ учинок од 11 поени и 15 асистенции за нешто над 36:19 минути на паркетот, а воедно имаше и четири скокови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Така  Димитријевиќ стигна до бројката од 500 асистенции во ВТБ-лигата.

Вториот меч ќе се игра повторно на теренот на Уникс Казан на 25 април, а евентуалната „мајсторка“ е закажана за 28 април на теренот на Самара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Изјавата на Ристовски која денес изгледа како предвидување

Тимот на Динамо Загреб освои големи три бода во вчерашното дерби со Ријека и така дојде на…