Дома Останати Ракомет Продолжуваат проблемите за Чешка: Го одложија тргнувањето за Египет

Продолжуваат проблемите за Чешка: Го одложија тргнувањето за Египет

Продолжуваат проблемите на Чешка со коронавирусот.

Чешка има големи проблеми пред тргнувањето на Светското првенство во Египет. Екипата требаше денес да полета за Египет, но тргнување е одложено за утре наутро затоа што се уште не е познато кои ракометари и членови на стручниот штаб ќе можат да патуваат.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Чесите мака мачат со коронавирусот од почетокот на овој месец. Поради тоа им беа одложени квалификационите натпревари со Фарски Острови. На последното тестирање девет играчи беа позитивни и уште шест членови на стручниот штаб.

Се уште не се знае во каков состав репрезентацијата ќе допатува во Египет и дали воопшто ќе оди, но шансите да го откаже учеството се мали.

Ќе потсетиме Американците исто така имаат големи проблеми, тие најавија дека ќе одат и со 12 играчи. Во тешка ситуација се и Зеленортските Острови со седум позитивни. Македонија е спремна и ќе чека повик до последен момент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…