Дома Фудбал Англија „Проблемот на Ливерпул е истиот како и претходната сезона“

„Проблемот на Ливерпул е истиот како и претходната сезона“

Ливерпул вчера одигра 0:0 против Евертон и после овој кикс ја загуби лидерската позиција на табелата.

Поранешниот играч на тимот од Енфилд, Џејми Карагер ја коментираше играта на Ливерпул по завршувањето на натпреварот и на прашањето дали Јурген Клоп има проблеми даде интересен одговор.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Да, мислам дека има проблеми во средниот ред, но тоа не е од сега, мислам дека тоа беше проблем и на крајот од минатата сезона во завршната фаза во ЛШ. Го загубија Кутињо и никогаш не се пополни таа празнина.“ – изјави Карагер.

„Дури и ако Ливерпул ја освои титулата ќе имаат повторно ист проблем на лето, бидејќи не е тоа прашање само на еден играч кој ќе дојде и се ќе поправи. Мислам дека после оваа недела може да завладее паника бидејќи Ливерпул не креира доволно шанси. Вирџил ван Дијк денеска одигра одлично како и во текот на целата сезона и поради тоа треба дополнително да биде награден, но играта во нападот е проблем.“ – додаде Карагер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо најплатен спортист, заработува двојно повеќе од Меси

Магазинот „Форбс“ ја објави листата на најплатени спортисти на која доминира Кристиано Рон…