Баерн Минхен ќе биде значително ослабен во реваншот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Арјен Робен нема да игра во реваншот од полуфиналето против Реал Мадрид во кој Баерн ќе „брка“ негатива од 1:2.
Холанѓанецот во претходните неколку дена поради повреда тренираше самостојно и неговиот настап беше под голем знак прашалник, а сега и дефинитивно е јасно дека нема да игра бидејќи не се најде на списокот патници за Мадрид.
Робен е фудбалер кој во своите нозе има одиграни многу важни и големи натпревари, па без сомневање тоа ќе биде голем хендикеп за Баерн.
Од друга страна Давиде Алаба и Хави Мартинез кои имаа балги повреди ќе бидат спремни за овој натпревар.
Да не заборавиме и Реал Мадрид има проблеми со повредите. Иско и Карвахал нема да бидат во комбинација за настап кај „кралевите“.