Дома Фудбал Проблеми за Барса: Умтити закрепнува побавно од предвиденото!

Проблеми за Барса: Умтити закрепнува побавно од предвиденото!

Дефанзивецот на Барселона, Самуел Умтити се опоравува многу побавно од очекувањата, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Умтити е надвор од терените веќе еден месец поради проблеми со коленото. Очекувањата беа да ги обнови тренинзите оваа недела, но последните информации се дека се уште нема напредок во лечењето.

Барселона одлучи Французинот да се лекува со конзервативна метода и во клубот се уште се надеваат дека нема да му биде потребна операција. Поради тоа лекарите многу внимаваат да не избрзаат со неговото враќање на терените.

Отсуството на Умтити го загрижува тренерот Валверде кој во моментов располага само со дватца дефанзивци, Пике и Ленгле, додека Вермален е исто така повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Португалците го објавија конечниот список за Мундијалот – изгледа моќно!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Роберто Мартинез, го објави финал…