Дома Фудбал Италија Проблем за Интер и Милан: Проектот за нов стадион не е возможен

Проблем за Интер и Милан: Проектот за нов стадион не е возможен

Градоначалникот на Милано, Бепе Сала ги предупреди Интер и Милан за плановите за изградба на нов заеднички стадион во близина на сегашниот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Славните милански клубови го претставија планот за новиот стадион и целиот комплекс. За проектот би биле потребни околу 700 милиони евра и би бил финансиран од клубовите и градот. Но, нивниот план нема да биде возможен и ќе мора нешто да се менува.

„Мораме сите заедно да се собереме и да најдеме одговор. Она што тие го замислија во овој момент е невозможно да се направи. Идејата за градот е интересна, но финансиски е невозможно да се изведе, морам да смислиме некој нов план“, изјави Сала.

Ќе потсетиме прво клубовите размислуваа за реновирање на сегашниот стадион, но се откажаа од таа идеја и се одлучија да изградат целосно нов стадион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово: ПСЖ договори уште едно засилување од 55 милиони евра, но слави и Ливерпул!

Мика Готс наскоро ќе стане нов член на Пари Сен Жермен! Како ПАМЕТНО да типувате на World …