Дома Фудбал Италија Проблем за Гатузо: Кој ќе игра во средниот ред против Фиорентина?

Проблем за Гатузо: Кој ќе игра во средниот ред против Фиорентина?

Дисциплинската комисија денес донесе одлука кога во прашање е суспензијата за играчите од Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Така суспензија заработија Франк Кеси и Тајмон Бакајоко, потврдија „росонерите“ кои сега се најдоа во проблеми пред натпреварот против Фиорентина кој би можел да биде важен во борбата за излез во Европа.

Бакајоко против Болоња заработи црвен картон и директна суспензија од еден натпревар, додека Кеси го доби својот петти жолт картон во сезоната.

Тоа значи дека Милан против Фиорентина ќе биде без комплетен среден ред, односно играчи од сред од првата постава, кога Кеси и Бакајоко ќе се додадат на веќе повредените Биља и Боновентура.

Суспендиран за 17-тото коло од Серија А исто така ќе бидат Квадво Асамоа (Интер), Иван Радованиќ (Киево) и Раде Круниќ (Емполи).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…