Дома Фудбал Англија Проблем во Арсенал: Соиграчите сметаат дека Озил лажира повреди!

Проблем во Арсенал: Соиграчите сметаат дека Озил лажира повреди!

ozil

Пред Арсенал ова лето има уште многу работа и тоа ќе биде голем предизвик со оглед дека после 22 години во клубот пристигнува нов тренер.

Венгер потврди дека го напушта Арсенал, го водеше Арсенал и последен пат на домашен терен, Французинот нема да се пензионира и ќе работи во друг клуб. Пред Арсенал сега е тежок предизвик да пронајдат нов тренер.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Покрај тоа англиските медиуми шпекулираат дека ќе има промени и во играчкиот кдар, но пред се сопствениците наводно се загрижени поради ситуацијата со Месут Озил. Како што се пишува, играчите на Арсенал не се задоволни поради „посебниот“ третман кој Озил го има во клубот.

Оваа сезона Озил пропушти многу натпревари и често пати се тврдеше дека е болен, поради тоа и според медиумите станал омразена личност помеѓу соиграчите. Тврдењата се дека Озил игра и добива одмор кога тој ќе посака.

Доколку оваа информација е вистина јасно дека новиот тренер пред себе ќе има голем предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Човекот со најдобра работа во светот: Освојува трофеј за секои 10 минути на теренот

Eдно име од редовите на актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити посебно се издвојува –…