Според последните информациите, Сусо и Милан се договорија.
Познато е дека се поттикнати преговорите со Шпанецот околу продолжување на соработката, откако некогашниот игач на Ливерпул понуди неколку одлични партии на стартот на новата сезона.
Досега немаше договор, но од стартот се знаеше дека Сусо и управата на Милан се на „иста фрекфенција“.
Сега како што се наведува постигнат е договор, се очекува Сусо до крајот на неделата да потпише нов договор со клубот од „Сан Сиро“.
Фантастичниот Шпанец наводно ќе го парафира договор до 2022. година, а ќе добие зголемување од 2 милиони евра, па во следниот период ќе заработува 3 милиони на годишно ниво.
Сусо така ќе стане петтиот најплатен играч во клубот, поголема сума од него ќе зеаат Бонучи, Донарума, Билја и Калиниќ.
