Дома Фудбал Приказна без крај – Реал со ултиматум за Мбапе!

Приказна без крај – Реал со ултиматум за Мбапе!

Реал Мадрид и Килијан Мбапе се чини дека се „приказна без крај“, па повторно се активираше пред почетокот на зимскиот преоден рок.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Французинот во јануари влегува во последната фаза од договорот со Пари Сен Жермен и има право да започне преговори со други клубови, а Реал сега не сака да ја повтори грешката што ја направи со него во летото 2022 година.

Тогаш му веруваше во дадениот збор, а овој во „минута до 12“ ја смени одлуката и остана во Париз.

Овојпат Мадрид бара од играчот да донесе одлука за неговата иднина веќе во јануари.

„Атлетик“ тврди дека Реал, во случај Мбапе да се согласи да го носи неговиот дрес, ќе потпише преддоговор со него до крајот на јануари. Тоа ќе биде услов на сите услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заштитниот знак на Мундијалот од 2010 година е забранет за ова лето!

ФИФА официјално потврди дека вувузелите нема да бидат дозволени на стадионите за време на …